Прифатена номинацијата на министерката Дескоска за член на Веницијанската комисија

Владината номинација на министерката за правда Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија е прифатена. Веста преку „фејсбук“ ја соопшти министерката.

-Прифатена е мојата номинација за член на Венецијанската комисија. Тоа е и потврда дека се исполнети критериумите за членство во комисијата. Благодарам за довербата!, напиша Дескоска.

За нејзината номинација, со задоцнување од еден месец реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој обвини за конфликт на интереси и ја повика Антикорупциската комисија да реагира.

Министерката за правда посочи дека не постои конфликт на интереси, но ја повика Антикорупциската комисија да поведе постапка.

-И јас ја повикувам Антикорупциската комисија да се произнесе за случајот. Не постои конфликт на интереси бидејќи станува збор за  ангажман во странство кој не потпаѓа под одредбата за забрана за вршење две функции, туку станува збор за претставување на земјата во комисија на Советот на Европа. И мојот случај не е единствен, вели Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега