Причината поради која Меган и Хари избегаа од Британија - 2 работи повеќе не можеле да поднесат

Откако одлучија да ја напуштат Велика Британија и кралските должности, тие двајца се главна тема во медиумите.

Британскиот принц Хари ѝ се придружил на сопругата Меган и нивниот 8-месечен син Арчи Харисон во Канада, каде ќе живеат во иднина. Одлуката за преселување во таа земја ја донеле од повеќе причини, а како главен повод, тамошните медиуми ја наведуваат желбата на парот да побегне од таблоидите и растечкиот расизам во татковината.

Куќа од 13 милиони долари

Принцот Хари слетал на аеродромот во Ванкувер вчера во раните утрински часови по европско време, а го дочекале папараците. Таков пречек беше очекуван, ако се земе предвид дека тој и неговата сопруга се една од најактуелните теми во светот од моментот кога одлучија да ги напуштат кралските должности. Хари не се задржал многу во Ванкувер, бидејќи таму веќе го чекал друг авион, со кој бил пренесен до островот Викторија.

После 25 минути лет, слетал на аеродромот каде цел еден спрат бил затворен поради неговото доаѓање, обезбедувањето го чекало на пистата и после тоа го однеле во новиот дом, куќа од 13 милиони евра на самиот брег на океанот. Во неа семејството на доскорешниот британски престолонаследник ќе го продолжи животот, но без фамозната титула Нивното кралско височество.

Додека тие се привикнуваат на новите услови и средина, медиумите во Лондон не престануваат да известуваат за тоа зошто Хари и Меган одлучиле да ја напуштат Велика Британија. Според првата верзија, причината е тоа што повеќе не можат да го поднесат расизмот, чија мета сè повеќе беше Меган. Токму за тоа зборуваат и одредени парламентарци.

Страв од најлошото

Другиот мотив за бегање од Британија би можел да биде стравот на Меган да не ѝ се случи судбината на мајката на Хари, принцезата Дајана. Дури и тој сам во една прилика рече дека стравува од најлошото.

„Мојот најдлабок страв е да не се повтори историјата. Гледав што се случува кога некој кого го сакам е растргнат и изложен на линч и осуда за секој потег. Поради тоа ја загубив мајка ми, а сега гледам како мојата сопруга станува жртва на истите околности. Веруваме во слобода на медиумите, објективност и пренесување на вистински вести. За жал, мојата сопруга е една од жртвите на британските таблоиди кои не размислуваат за последиците кои можат да ги предизвикаат невистините кои ги пласираат“, рекол Хари. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега