При претрес кај четири млади лица пронајдено марихуана

При претрес од полицијата кај четири лица била пронајдена марихуана.

Вчера  во 20.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го привеле М.А.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Подоцна во 21.20 часот полициски службеници од СВР Скопје во с.Горно Нерези го лишиле од слобода Б.С.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Третиот случај бил регистриран во 23.45 часот полициски службеници од СВР Скопје на Кеј „Димитар Влахов“ при извршен преглед кај 17-годишен малолетник од Куманово била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

И последниот случај бил пријавен во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ го привеле Д.Д.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против сите нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега