Преживеаниот српски државјанин му раскажал на амбасадорот како се спасил од „пеколниот автобус“

Еден од седумтемина преживеани во автобусот што изгоре во Бугарија е млад човек од Прешево кој се спасил кога го скршил задниот прозорец со неколку лица и скокнал од автобусот.

Српскиот амбасадор во Бугарија Жељко Јовиќ го посетил српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани, кој бил повреден во синоќешната несреќа што се случи на автопатот кај Софија.

Амбасадорот им се заблагодарил на лекарите и медицинскиот персонал за вниманието што му го посветиле на Сулејмани и му посакал брзо закрепнување, како и што поскоро да ја напушти болницата и да се сретне со неговата свршеница, државјанка на Македонија, која исто така е повредена и е во иста болница.„Продолжете да живеете заедно и што поскоро заборавете на големата трагедија.“

Младиот човек се спасил така што скршил прозорец со неколку луѓе и скокнал од автобусот. Спасени се само уште шест лица, а сите се пренесени во болница поради изгореници.

Покрај автобусот кој изгорел, имало уште неколку автобуси кои се враќале од Турција, во кои имало уште десетина лица од Прешево и Бујановац. Сите пристигнале дома и се во добра состојба.

Претставник на туристичката агенција „Беса“ кој не сакал да биде пред камерите, за српските медиуми вели дека биле видно вознемирени.

 

23.11.2021 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега