Преживеал пад од Нијагарини водопади: Се качил на оградата и скокнал, полицијата останала во чудо кога го нашла

Човекот кој се фрли во моќните Нијагарини водопади, најден е во добра состојба  и извлечен од реката на 50 метри подолу од местото на ое скокна, соопштила денес полиијата во Канада.

Полицјата во паркот Нијагара во вторникот малку пред мугри е известена дека човек стои на работ од оградата кај водопадите.

Штом стигнала полицијата тој скокнал во водата, а после потрагата тој е најден жив како се држи за карпа, а имал повреди кои воопшто не се опасни по живот, но одведен е во болница на лечење.

Тој преживеал пад од висина од околу 57 метри.

Полицијата не го откри неговиот идентитет, но засега се знае дека тој е четврта личност која скокнала од ова место без никаква заштитна опрема и преживеал.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега