Претставник на Русија во ОН: Цивили гинат во Украина поради европското оружје

 

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја денеска изјави дека европското оружје убива цивили во Украина.

Високиот руски дипломат изјави дека касетната муниција била означена од некои европски земји кога биле користени за време на неодамнешното гранатирање на Доњецк, пренесува ТАС С.

„Брисел веќе и достави на Украина смртоносно оружје во вредност од две милијарди евра преку Европскиот фонд за мир, што само по себе звучи како светољубие“, изјави Василиј Небензја.

16.06.2022 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа