Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ќе биде домаќинка на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Словачкиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и словачката делегација.

Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Словачка ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Exit mobile version