Претседателот на Казахстан: Не смееме да дозволиме братскиот руски и украински народ засекогаш да се разделат со нерасчистени сметки

 

Претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев денеска изјави дека е време за колективна потрага по мир во Украина.

„Што се однесува до Украина, верувам дека е дојдено време за заедничка колективна потрага по формула за мир. Секоја војна завршува со мировни преговори“, рече Токаев по самитот на шестчлената Организација на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), објави Ројтерс.

„Не смееме да дозволиме братскиот руски и украински народ засекогаш да се разделат со нерасчистени недоразбирања“, рече Токаев.

23.11.2022 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа