Прво, ова прашање се интензивира деновиве, иначе мислам дека за него чувме уште во времето на склучувањето на стратешкиот договор. Јас, колку што сум информирана од британскиот амбасадор, ама и од Владата, тоа не е точно. Мојот став ќе го кажам. Ако се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас и јас сум против нивен прием, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарско прашање поврзано со актуелните препукувања меѓу власта и СДСМ за тоа дали ќе дојдат или не илегални мигранти во Македонија.
„Меѓутоа, сега ова што го кажувате резолуција, ама прашањето е за што резолуција, ако ние немаме докази? Бидејќи она што во медиумите излегува, со сета чест кон оваа професија и почит, не мора да биде точно. Јас мислам дека секогаш кога превземаме некои активности, мора за тоа да имаме сигурни факти и докази, за да не го губиме времето во креирањето дополнителни поделби за прашања коишто навистина го немаат одговорот од којшто некој тргнува кога иницира вакви проблеми. Повторно ние наместо да се соочиме со реалноста, а реалноста бара многу, многу одговори, се соочуваме со нешто што е напишано во весниците, додаде претседателката..

