Претседателката Гордана Силјановска Давкова птисуствуваше на вечерната литургија во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, Охрид.

-Озарена од светлината на свеќите, со молитвено смирение го дочекав Христовото воскресение, истакна Претседателката Силјановска Давкова.

Таа истакна дека во миговите кога се објавува победата на животот над смртта, црвените велигденски јајца ја носат пораката на обновата и новиот живот, вдахнувајќи вера и сила во секое човечко срце.

Нека празничната радост нè обедини и нека нè поттикне на меѓусебна почит и разбирање, давајќи ни сила да чекориме напред.

Exit mobile version