Претседателката на Вишиот управен суд купи службен автомобил од 32 илјади евра

Вишиот управен суд се поднови со ново „пежо пјур“ 3008, објавен е склучениот договор со „Еуроимпекс ДОО увоз – извоз“ на Бирото за јавни набавки, пренесе Макфакс.

Вредноста на возилото е 1.994.200 денари или приближно 32 илјади евра. „Пежото“ е бензинец со 5 врати и 5 седишта и еуростандард 6,2, а на договорот за него е потпишана претседателката на судот, Лидија Ивановска.

Неодамна и Управниот суд купи возило во вредност од 27 илјади евра. Сите четири апелациски судови го подновија возниот парк. Според податоците на Бирото за јавни набавки, гостиварска Апелација се поднови, купи возило кое чини приближно 28 илјади евра. И скопска, битолска и штипска Апелација се подновија со возила во вредност од по 27 илјади евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега