Претреси во Кочани: Полицијата расчисти тешки кражби

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани денеска имаа неколку претреси, при што расчистија тешки кражби.
 
„Полицајци извршија претрес во дом на Ј.Ј. (46) во Кочани,  при што се пронајдени предмети кои биле одземени при извршени тешки кражби. Исто така, по претходно издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани извршија претрес во дом на В.Ј., при што се пронајдени предмети кои биле одземени при извршени тешки кражби“, информираат од МВР.
 
Предметите ќе бидат вратени на сопствениците, а по целосно документирање на случаите, ќе следуваат кривични пријави до ОЈО Кочани.

 

25.11.2022 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа