Претреси во Кичево: Приведени дилери на дрога

На 19.09.2020 Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ во соработка со Одделот за специјални полициски операции и полициски службеници од СВР Охрид - ОВР Кичево, во рамки на оперативната акција, чија цел е ставање на крај на трговијата со наркотични дроги, преземаа мерки и активности за лишување од слобода на дилери на подрачјето на Кичево.  

Имено, во вечерните часови во центарот на Кичево е запрено патничко возило „ауди“, управувано од С.А., каде како совозач бил неговиот брат А.А., а при извршениот преглед над нив и во возилото, пронајдени се пакувања со марихуана, пари и нож. 

По претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во нивниот дом во Кичево, при што се пронајдени кокаин, хероин, марихуана, вага за мерење и големи износи на парични средства, за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога. 

Покрај ова, против С.А. и А.А. во изминатиот период се поднесени бројни кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство и Судот, поради агресивно и насилно однесување, загрозување на сигурност и упатување на сериозни закани по граѓани и полициски службеници и нивните семејства, но завршиле без исход. 

 

Против С.А. и А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215, со предлог за определување на мерка притвор.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега