Пресврт во истрагата за убиството на Лана: Полицијата пронајде автомобил кој би можел да биде на убиецот

Истражувачите во Босна Херцеговина очекуваат дека неделава теба да има разрешница за убиството на Лана.

Интересно е дека во околина на селото е пронајден и автомобил кој полицијата го поврзала со убиството на Лана која пред 8 дена е пронајдена мртва во реката.

Полицијата засега е фокусирана на најмалку два автомобили за кои полицијата се сомничи дека се поврзани со убиството, а засега се чека вештачење кое би требало да покаже кој бил мотивот за убиството.

Прегледани се снимките од надзорните камери во околина, мобилниот телефон на жртвата и нејзиниот комијутер, и наскоро се очекуваат резултати.

Според извори блиски до истрагата проблем претставува и мобилниот телефон на Лана бидејќи е Ајфон и е потежок за отвараље за разлика од телефоните кои имаат Андроид систем.

Познато е дека од засега неутврдени причини таа недела се упатила кон Чалпил. Од Мостар се довезла со автобус, па потоа пешки одела шест километри се упатила кон Жвировца. 

Телото на Лана било пронајдено во река со траги на насилство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега