Пресврт во истрагата за мистериозно исчезнатиот авион МХ370 - сомнителен товар откриен меѓу куферите

Исчезнувањето на авионот на Малезијан ерлајнс на летот МХ370, со 239 патници и членови на екипажот на 8. март 2014 година, остана една од најголемите мистерии. Според најновите извештаи се чини дека дошло до пресврт во истрагата и новите факти.

Имено, француските истражувачи кои го анализираат исчезнувањето на „боинг 777“ кој на 8. март 2014 година полета од Куала Лумпур за Пекинг, откриле дека во авионот имало и „мистериозен товар од 90 килограми“.

Жилан Ватерлу, кој на кобниот лет ги изгубил сопругата и двете деца, вели дека товарот е откриен во новиот извештај за патниците и багажот.

„Мистериозниот товар од 90 килограми е додаден на списокот за багаж после полетувањето. Просторот за багажот бил преоптоварен, а никој не знаел зошто. Експертите не дале никаков заклучок за тоа. Можеби станува збор за нестручност, можеби за манипулација. Се е можно. Ова ќе биде едно од прашањата за Малзија“, изјавил Ватерлу.

Неговите тврдења распламтиле една од низата теории на завери врзани за исчезнувањето на овој авион, и тоа дека авионот бил киднапиран од слеп патник. 

Дејли Мејл потсетува дека товарот кој го пренесувал авионот долго време бил во центарот на внимание. Имено, поранешниот шеф на Малезијан ерлајнс, Ахмад Јахари, своевремено открил дека 12 дена после исчезнувањето на авионот утврдиле дека во него имало 200 килоеграми литионски батерии.

Исчезнувањето на овој авион се смета за една од најголемите загатки за воздухопловството. Досега се појавиле низа теории на завери, од самоубиствена мисија на капетанот до обид за терористичко киднапирање кое завршило кобно.Франција е единствена држава која уште спроведува правна истрага за несреќата и исчезнувањето на нејзини тројца државјани кои биле во авионот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега