Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за трагедијата која ја потресе јавноста на 2 март 2026 година. Обвинетиот Стојанче Јовановски, кој се товари за семејно насилство и наведување на самоубиство на сопругата и ќерката, во својот исказ изнесе низа обвинувања за љубовна афера, уцени и подметната дрога.

Јовановски тврди дека неговата сопруга Ивана му признала оти била уценувана со интимни видеа од страна на неговиот колега Мартин Саздов. Според обвинетиот, токму под таа уцена, таа му го дала резервниот клуч од возилото на Саздов, кој потоа му подметнал дрога.

„Ми објасни како ми ја подметнале дрогата… со мојот резервен клуч којшто стои дома, Ивана му го дава на Мартин, тој го отклучил возилото и ја ставил дрогата“, изјави Јовановски пред судот.

Обвинетиот детално ги опишуваше наводните неверства на сопругата, инциденти со огнено оружје и следење низ скопските населби, обидувајќи се да се прикаже како жртва на завера.

Exit mobile version