Нападот со рачна бомба врз домот на Здравко Чолиќ на Дедиње добива нов тек. Според неофицијалните информации што ги пренесуваат српските медиуми, куќата на легендарниот пејач најверојатно била погодена по грешка, а вистинската цел бил неговиот прв сосед – Адис Гојак.
Гојак е поранешен менаџер на Чолиќ, а моментално го застапува Горан Бреговиќ. Тој и претходно бил познат на јавноста по инциденти, вклучувајќи и обвинувања дека им се заканувал на соседите со пиштол поради бучава. Се претпоставува дека напаѓачот ги помешал објектите или сакал да испрати порака до Гојак.
За среќа, иако детонацијата ги разбудила Чолиќ, неговата сопруга и ќерката, во инцидентот нема повредени. Полицијата сега ги истражува минатите конфликти на Гојак како можен мотив за утринскиот напад.

