Полицијата во Боден се уште го нема соопштено мотивот за крвавата случка која се случи денеска. Исто така, не е познато дали напаѓачот и жртвите се во роднинска врска.

Сведоци пријавиле дека тело на 55-годишна жена било пронајдено во семејната куќа во градот. Според полицијата, маж на возраст од 20 години нападнал неколку лица во куќата.

При обидот за апсење на осомничениот следела престрелка, при што напаѓачот бил убиен.

Двајца повредени лица биле пренесени во болница, додека брзата помош можела да ја потврди само смртта на жената.

Exit mobile version