Престрелка во Арачиново: Поради семејна расправија пукал во автомобил со три лица

Поради семејна расправија арачиновец испукал куршуми кон патничко моторно возило „мерцедес“. За среќа, ниту еден од тројца кои се возеле во автомобилот не се повредени во пукањето. Но, и покрај тоа побарале лекарска помош.

-Синоќа во 02.48 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив на лекарски преглед се јавиле И.Е.(22) и А.Е.(18) од с.Арачиново, скопско и А.А.(20) од Скопје. Според пријавеното, на 26.02.2022 околу 22.00 часот во с.Арачиново, по претходна вербална расправија и нарушени семејни односи со И.Е., неговиот роднина Р.Е. со огнено оружје испукал кон патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле И.Е., А.Е. и А.А., но, според пријавеното, никој не бил повреден од пукањето, велат од МВР.

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

28.06.2022 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега