Пресметка во Скопје: Прво го повредил со остар предмет, па го удрил со автомобил

 

Тепачка меѓу две лица избила вчера во Скопје, поради  претходни нарушешни меѓусебни односи, информира МВР.

„Во 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Гоце Делчев, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Б.А.(22) и Д.А.(31) двајцата од Скопје. Според пријавеното, Д.А. употребил и остар предмет и на Б.А. му нанел повреда на десната рака, по што Б.А. влегол во своето возило и со возилото го удрил Д.А. По расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега