Прес24 во Бугарија на терен: Фотографии од местото на несреќата

Екипа на Прес24 е веќе на терен во Бугарија. Може да се констатира дека и по цели 12 часови, се уште се изнесуваат телата на починатите во големата автобуска несреќа, за да бидат пренесени на обдукција. На местото на настанот се присутни луѓе од различни сфери, со цел детална анализа и увид. Од блицовите на фотоапаратите може да се забележи дека се уште се прибираат податоци за несреќата.

Според моменталните податоци, 46 лица починале, а само 7 се преживеани.

Причините за несреќата уште не се познати, но Бугарското обвинителство работи на тоа. Обвинителот Јовевски и Русковска од Македонија се веќе на терен, имаат координација со бугарските власти. Моментално имаше разговор со блиските на жртвите, кои револтирани од тоа што никој не им дава информации се обратија и кај обвинителот Јовевски. 

Тој ијзави дека, после посетата на болницата, ќе им даде подетални упатства. 

 

 

23.11.2021 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега