Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки

Владата на денешната седница донесе Одлука за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, согласно која во Буџетот на Република Македонија за 2020 година, во посебниот дел во првата потколона од колоната расходи на Основен буџет, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.

Како што соопшти владината прес-служба, целта на предложената Одлука е обезбедување на средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега