Пренџов: Заемот од 90 милиони евра од СБ, е за се само не за справување со последиците од КОВИД-19

Пратеникот од опозициската коалиција „За обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов кој доаѓа од редовите на Граѓанската опција за Македонија, вели дека новиот кредит од 90 милиони евра од Светска банка, кој што вчера беше изгласан во Собранието со 55 гласа „ЗА“ ќе биде искористен за се само не за тоа за што власта вели дека го зема. Односно нема да биде искористен за справување со последиците кои ги предизвика пандемијата со корона вирусот.

Тој ова го истакна во денешната утринска емисија на телевизија Алфа, при што додаде дека целата постапка со донесувањето на законското решение за задолжување се одвиваше брзо без да се има можност за дебата, за анализа и за поднесување амандмани.

- Во Република Македонија завчера се задолживме со нови 90 милиони евра и она што е важно и што јавноста треба да знае дека овој кредит, иако одеше по итна постапка во рамки на Собранието, се задолжуваме со закон донесен по итна постапка, без да има многу време за анализа, за дебата, за амандмани. Тоа се е скратено, а суштина е тоа дека овој кредит е преговаран со Светска банка во месец март, сега сме октомври, тоа е пред седум месеци и испреговаран е на овој начин, истакна Пренџов.

Тој појаснува дека иако заемот се договара уште од месец март кога Македонија имаше техничка Влада, и кога Државната изборна комисија донесе одлука дека тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска можеше сама, без потпис од тогашната заменик министерка Гордана Димитриеска-Кочоска, самата да го потпише. Ниту таа, која што после тоа ја сменија, ниту новиот министер за финансии, кој исто така имал можност истоот заем да го потпише тоа не го прави. Пренџов додава дека со цел да ја избегнат нивната одговорност за заемот, кој најверојатно нема да се троши наменски, праќаат законско решение за задолжување во Собранието на Македонија, со цел одговорноста да биде колективна. Аа, додава тој колективна одговорност по закон нема.

- Во тој период, знаете дека имаше техничка Влада и дека опозицијата имаше свој технички заменик министер во министерството финансии и госпоѓата не сакаше да го потпише тоа, бидејќи ова за кое што се задолжува Република Македонија е се освен за КОВИД, односно последици од КОВИД-19. Потоа, знаете дека во тој период премиерот Заев инсистираше, па дури и дадоа на Државна изборна комисија да одлучи, дали може Нина Ангеловска, претходниот министер од СДСМ да го потпише сама. Тогаш ДИК кажа дека да, Нина Ангеловска може сама да го потпише овој заем. И видете, од април до ден денешен таа не го потпиша. Ја сменија, дојде нов министер и сега, место тој да го потпише заемот, одиме со законско решение, каде што целата одговорност треба да биде колективна, бидејќи колективна одговорност не постои и се префрла во рамки на Собранието на Република Македонија, кој со 52 гласа Македонија се задолжи, рече Љупчо Пренџов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа