Премиерот Заев во посета на реконструкција на патот село Љуботен

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во придружба на градоначалникот Велимир Смилевски беа во во посета на село Љуботен. Направија увид на градежните активности од втората фаза од реконструкцијата на патот Бутел – с. Љуботен. 

Општина Бутел инвестира 11 милиони денари во втората фаза од реконструкцијата, а со тоа покажуваме дека патот ни е од исклучителна важност за развој на овој регион од општината. Со реконструкцијата и проширување на патот ќе се покрие движењето на  жителите на с. Љуботен,с. Љуботенски пат, с.  Љубанци , населбата на Хот-Хот и  атрактивниот реон над  Љуботен - Башинец за кое во моментов има заинтересирани инвеститори како од земјата така и од странство. Во регионот гравитираа население кое се бави со земјоделство. Овој пат ќе им обезбеди побезбеден транспорт со механизација и побрз пласман на производите. 

Во Општина Бутел, интензивно се работи  на локалната инфраструктура. Во изминатиов период се пушти модерниот булевар Христијан Тодоровски Карпош, реконструирана е  ул. “Александар Урдаревски“ од кружен тек со ул.“Боца Иванова“ до ул.“Бутелска“.   Во завршна  фаза е и новопртоектираниот  Булевар  Босна И херцеговина кој ќе го поврзе булеварот Христијан Тодоровски Карпош со булеварот Словенија. Пред една недела заврши и реконструкцијата на улица Бова Иванова од кружниот тек до улицата Лазо Трпковски. 

Во континуитет се работи  на серија активности  за изградба и реконструкции  на локални улици предвидени во прогарамата за активности на Општина Бутел за 2020/21 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа