Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе биде главен говорник на Форумот на повратници во државата, настан посветен на македонските граѓани кои одлучиле да се вратат и својата иднина да ја градат во татковината.

Како што соопштија од владината прес-служба, настанот ќе се одржи во Свечената сала на Владата. Се очекува премиерот во своето обраќање да ги презентира мерките и политиките кои извршната власт ги презема за мотивирање на дијаспората за реинтеграција, како и за олеснување на процедурите за инвестирање и вработување на повратниците.

Овој форум е дел од стратешките заложби на Владата за спречување на одливот на мозоци и создавање услови кои ќе ги поттикнат младите и образовани кадри да го применат своето меѓународно искуство дома.

Exit mobile version