Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на официјалното пуштање во употреба на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје. Настанот е дел од активностите за модернизација на енергетската мрежа во главниот град.

Како што информираат од владината прес-служба, овој проект се реализира во рамки на јубилејното одбележување на две децении инвестиции во домашната енергетска инфраструктура.

„Настанот е по повод одбележувањето 20 години посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура“, соопштија од Владата.

По завршувањето на официјалниот дел, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите, каде се очекуваат детали за новата инвестиција и тековните енергетски политики.

Exit mobile version