Премиерката на Естонија го критикува НАТО: Русија би нè избришала од лицето на земјата

Естонија би била избришана од лицето на земјата, а историскиот центар на главниот град би бил срамнет со земја, смета премиерката на Естонија, Каја Калас.

Тоа би се случило поради моменталните планови на НАТО да ги одбрани земјите од било каков руски напад, критикува премиерката на Естонија.

Калас смета дека моменталниот одбранбен план на Сојузот за три балтички држави дозволува да бидат прегазени пред да се ослободат.

„Ако ја споредите големината на Украина и балтичките земји, тоа ќе значи уништување на земјите и нашата култура. Сè би било избришано од мапата, нашите граѓани, нашата нација“, вели таа.

23.06.2022 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега