Преку ден бил христијанин, а навечер силувал деца: Најголемиот педофил во светот, имал 20.000 фотографии од злоставуваните деца

Ричард Халк, најголемиот педофил во светот кој беше убиен минатата недела  во својата ќелија во затвор, пред да заврши зад решетки злоставувал повече од 200 деца во Азија. Дома во Британија се претсавувал како фино момче и добар ученик.

Неговото детство било сосема нормално, а родителите му биле добри и фини луѓе- рекла негова поранешна соученичка.

Порасна во семејство од средна класа, одеа во црква, а неговите пријатели од осноно училиште го паметат како мирно момче, но дете кое било примено на „Харви“ елитна гимназија за момчиња.

„Беше нормално дете и гоинтересираа нормални работи“ вели негов познанинк.

Сепак кога тргнал во средно училиште почнал да се одалечува од некои ријатели и почнал да се занимава со ситен криминал. Бил мета на средношколските насилници, па често го нарекувале„глушец“ поради неговиот изглед.

Кога имал 16 години отишол на екскурзија во Јужна Африка, потоа наравил пауза од една година, па заминал во Азија. За време на паузата се занимавал со добротворни цели во сиромашни делови во Азија, барем така тврдел.

Првпат отишол во Малезија во 2005 година, а потоа во Камбоџија каде сексуално злоставувал 4- годишно и 6 годишно девојче, а делото го откриле после 10 години.

Во наредните години тој злоупотребил многу деца, претставувајќи се како учител, фотограф и христијанин. Целел на деца без рдоители  во сиропиталиштата во кои волунтирал, цркви и училишта.

Во Малезија не раговарал со девојки, вели неговата тогашна цимерка.

Бил многу нервозен не раговарал со никој, секогаш имал камера околу вратот. Секогаш велев дека има нешто чудно во врска со него, но се претстаи како хуманитарец и христијанин, па сите му дадовме шанса- рекла неговата поранешна цимрка.

Сепак додека во текот на денот се претставувал како мисионер, навечер злоставувал деца, а подоцна полицијата пронашла и негови записи:„ Сиромашните деца е лесно да се заведат, него западните богати деца и деца од средна класа“ напишал тој.

Исто така направил „водич“ за педофили на 60 страни, водел и табела со бројот на злоупотребени деца и споделувал фотографии и видео запиди додека ги силувал децата.

Халк е уапсен во 2014 година, откако полиоцијата открила што пишува и објавува на една интернет страница, а бил уапсен на аеродром.

Кога неговата мајка слушнала што направил била многу лута и вознемирена, па се јавила во полиција и змалолила да дојдат и да го одведат нејзиниот син.

Минатата недела беше избоден до смрт во затвор, пренесува „Метро“.

Според полициски извори, Ричар Хакл е убиен во својата ќелија во затворот близу Јорк.

Хакл, имал над 20.000 фотографии и видеа од своите злоставувања.

Во 2016 година тој доби 22 доживотни казни затвор откако призна 71 обвинение за сексуално злоставувани деца на возраст од шест месеци до 12 години, во период од 2006 до 2014 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега