УХМР ги измери температурите во Македонија пред 12 часот. Ова претпладне најтопло е во Гевгелија, Зајчев Рид и Велес каде се измерени 33 степени.

Попова Шапка со 19 степени во 11 часот е местото каде е најсвежо во Македонија.

Во Скопје УХМР измери 31 степени.

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од 11 до 22 степени наутро, а дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 38 степени.

И во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време, со температури кои на места ќе достигнат до 40 степени. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Exit mobile version