УХМР ги измери температурите во 11 часот низ Македонија. Поповса Шапка со 17 степени е најсвежото место низ Македонија, додека Гевгелија со 33 е најтоплото.
Во Скопје во 11 часот УХМР измери 31 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, додека максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови.


