Прекршување на полициски час во Скопје, Кавадарци и Радовиш

Прекршување на полициски час регистрирано во Скопје, Кавадарци и Радовиш, а Обвинителствата поднесоа поднесоа повеќе од 50 предлози за издавање казнени налози и 11 обвинети.

 Во текот на денешниот ден, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 38 предлози за издавање казнени налози против вкупно 43 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети во различни периоди и на различни локации во Скопје биле затекнати додека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, донесена како мерка за сузбивање и превенција на заразната болест COVID – 19.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Од ОВР Неготино до Основното јавно обвинитeлство Кавадарци денеска беа доставени кривични пријави за 22 лица, од кои 20 полнолетни и две деца, кои што во временскиот период од 25 – 29 март го прекршиле полицискиот час.

Двајца од нив патувале со возило во Неготино и околината. Другите се движеле пеш во градот Неготино и селата Корешница и Тремник.

Основното јавно обвинителство Кавадарци за полнолетните лица поднесе предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на надлежниот суд му предложи за секое од лицата да изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

За двете деца ќе се води постапка пред Основниот суд Кавадарци, како стварно надлежен суд за постапување во предмети против деца.​

Во Радовиш пак обвинетите 11 лица, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија. Еден од нив пеш, а другите со возила се движеле во Радовиш и околината, со што  не постапилe според мерките за спречување на појава, рано откривање, спречување на ширење или сузбивање на заразната болест  предизвикана од коронавирусот.
 
 
Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време нa епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Радовиш до судот  поднесе предлози за издавање казнени налози за сите обвинети со предлог да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​​
 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега