Прекинато гласањето во Горно Лисиче: 80-годишна жена го скинала ливчето за гласање

Дошло до прекин на гласањето во Горно Лисиче, бидејќи 80 годишна жена го скинала ливчето за гласање, информираат од МВР.

„Во 12.45 во СВР Скопје било пријавено дека дошло до прекин на гласањето на гласачкото место 2732 - градинка Лавче - Горно Лисиче, бидејки Р.И.(80) од Скопје поради недоразбирање го скинала ливчето за гласање. Од страна на избирачкиот одбор изготвен е записник и по документирање на настанот гласањето во 13.18 часот продолжило“-се вели во соопштението.

17.10.2021 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега