Прекинати мандатите на обвинителите на СЈО - Се враќаат во матичните обвинителства

Советот на јавни обвинители денеска го констатира прекинувањето на мандатот на обвинителите од СЈО, откако викендов едногласно беше разрешена Катица Јанева која е во притвор за „Рекет". 

Претседателот на Советот, Ацо Колевски, по седницата изјави дека досегашните обвинители на СЈО, Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Артан Ајро, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Стефчо Донев, Трајче Пеливанов и Елизабета Јософовска,  треба да се вратат во нивните матични јавни обвинителства.

Со тоа Рустеми се враќа во ОЈО Куманово, Јосифовска во ОЈО Гостивар, Лапе во ОЈО Куманово, Донев во ОЈО Кочани, Фатиме Фатие во ОЈО Скопје, Бубевски во ОЈО Скопје, Ристоска во ОЈО Скопје, Трајче Пеливанов во ОЈО Скопје, Ајро во ОЈО Скопје, и Лиле Стефанов се враќа во ЈО во ОЈО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега