Прекинат говорот на Иванов и евакуирана салата во Мелбурн (ВИДЕО)

Безбедносниот аларм го прекинал говорот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов во Мелбурн, Австралија, додека говорел на донаторската вечера организирана од Македонската добротворна организација, објави австралискиот портал „Фаланга“.

Во салата настанала паника и за кусо време присутните биле евакуирани од салата. На местото веднаш пристигнале противпожарните екипи, прегледале зградата и по проверката присутните се вратиле во салата и Иванов го продолжиле својот говор.

Досега нема одговор од надлежните која е причината за вклучување на алармите и што точно се случило.

Иванов, заедно со сопругата Маја, е во посета на Австралија во организација на Македонската Добротворна Организација на средби со македонската дијаспора.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега