Прегазил пешак во Скопје и избегал од местото на несреќата

Вчера во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ удрило во пешакот А.А.(36) од Скопје, по што го напуштил местото на несреќата, информира МВР.

 

„Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата.

 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

05.10.2022 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа