Прегазил пешак во Скопје и избегал, но набрзо бил пронајден и приведен


На сервисната улица кој ги поврзува ул.„Јордан Мијалков“ и ул.„Македонија“ во 00.30 часот по полноќ „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(31) од Скопје.

Како што информираат од МВР, по несреќата, Н.М. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден и приведен.

С.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопштија од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

07.07.2022 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега