Прегазил пешак па побегнал- жена со тешки повреди пренесена во болница

 

Пешак бил прегазен во Скопје, по што возилото кое удрило во пешакот го напуштило местото на несреќата.

Според пријаветото, вчера во 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, непознато возило удрило во пешакот Н.Т.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата.

Во незгодата, Н.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега