Прегазено петгодишно девојче во Пробиштип - возачот на автомобилот избегал од местото на настанот

 

Петгодишно девојче од Пробиштип се здобило со повреди откако во него удрило автомобил.

-Вчера во 15:45 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, патничко возило „пежо“, со непознати регистарски ознаки, удрило во петгодишно девојче од Пробиштип, по што го напуштило местото. Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом - Пробиштип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега