Прегазено малолетно момче во Скопје

 

Малолетно момче се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил, информира МВР.

-Вчера во 06:41 часот било пријавено дека на 07.04.2010 околу 13:30 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Б.Б. од Скопје, удрило во малолетен пешак. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега