Прегазено детенце во Скопје - Се бори за живот на Клиника

Во 20.35 часот кај мостот во селото Љубош кон Батинци, скопско, патничко возило „Нисан Навара“ со италијански национални ознаки, управувано од 32-годишниот Т.С. од селото Црни Врв, скопско, удрило во седумгодишно момче од Цветово, скопско.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2019 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега