Прегазено 9-годишно дете во Тетово

МВР информираше дека деветгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил.
-Вчера во 17:20 часот било пријавено дека на бул. „Видое Смилески Бато“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Тетово, удрило во деветгодишен пешак од Скопје. Во незгодата пешкот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово - соопшти полицијата.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега