Прегазена жена во тетовско- со тешки повреди пренесена во болница

Прегазен пешак во тетовско со тешки повреди пренесен во болица.

„На 23.11.2020 во 16.30 часот било пријавено дека во Тетово на бул.„Благоја Тоска“ патничко возило „ауди А4“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(38) од с.Слатино, тетовско, удрило во пешакот К.С.(67) од Тетово“ информираат од полицијата.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.С., констатирани во Клиничкиот центар Тетово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега