Прегазена жена оставена среде улица во Скопје - Се бара возачот

Во 15,00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Пере Тошев“ мотоцикл „Јиајуе“ со скопски регистерски таблици управуван од непознато лице удрил во пешакот , по што возачот го оставил да лежи и избегал.

МВР информира дека 44-годишниот М.Ј. од Скопје била прегазена и оставена на улица по несреќата.

М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на  расчистување на случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега