Прегазена скопјанка кај „11-ти октомври“

На 24.11.2022 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје, патничко моторно возило „дачиа дастер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(43) од Скопје, удрило во В.Р.(76) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Р. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

25.11.2022 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега