Прегазена прилепчанка во Скопје- со тешки телесни повреди пренесена во болница

 

Жена прегазена во Скопје, по што со тешки телесни повреди била пренесена во болница.

„На 20.10.2020 во 11.35 часот било пријавено дека во Скопје, на раскрсницата од ул.„„Крушевска Република“ и бул.„Кузман Јосифоски Питу“, патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Скопје, удрило во пешакот Е.Б.(59) од Прилеп“ информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега