Прегазен велосипедист во Скопје

На крстосницата од ул. „Џон Кенеди“ и ул. „Исмаил Ќемали“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Патничко возило „опел астра“ управувано од А.Т. (63) од Скопје удрило во велосипедистот В. Ж. (20).

В.Ж. бил пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Екипа од СВР Скопје извршила увид.

01.07.2022 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа