Прегазен пешк во Скопје- со тешки повреди итно префрлен на Клиника

Прегазен пешак, со тешки телесни повреди е префрлен на Клиника откако 19- годишно момче со својот автомобил удрило во него.

Според пријавеното во 16.20 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од село Седларе, тетовско, удрил во пешакот Џ.Х.(46) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Х., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош- велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега