Прегазен пешак во Куманово - итно однесен во болница

 

Пешак се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил во Куманово.

-Вчера во 11:40 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Киро Фетак“ во Куманово патничко возило „шкода фабија“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.М. од село Матејче, општина Липково, удрило во 84-годишниот М.К. од Куманово. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.  Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово - информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега