Прегазен пешак во Куманово

78-годишен пешак е тешко повреден во Куманово откако во него удрил „нисан“.

-Вчера во 16.20 часот било пријавено дека во с.Тромеѓа, кумановско, патничко  возило „нисан“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(53) од Куманово, удрило во пешак В.Д.(78) од Куманово. Во незгодата В.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа Болница – Куманово, велат од полицијата.

 Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

12.07.2021 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега