Прегазен пешак - уште една страшна несреќа во Македонија

Околу 07.30 часот на крстосница од улиците ,,Арон Ароести “ и ,,Минела Бабуковски“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која патничко возило ,,Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Љ.С. од Крушево удрило во пешак.

Се работи за 58-годишната Х.Н  од Битола.

Од ударот Х.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола, каде и  била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега